Малку фалеше десеткуваниот ЛА Лејкерс да направи чудо против Денвер, но Никола Јокиќ и Џамал Мареј се погрижија домаќините да стигнат до победа.
И покрај тоа што играа без главните две ѕвезди Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, како и без други четворица кошаркари, „езерџиите“ никогаш не се предадоа па дури и во два наврати имаа +6 на средината од последната четвртина.
Имаа предност од 123-126 на 52 секунди до крајот, но потоа Јокиќ погоди под фаул, Мареј реализираше шут за три поени и Денвер го сврте резултат во своја корист. Дилемите беа решени кога Вестбрук пресече додавање на 5 секунди пред крајот и рутински реализираше за конечни 131-126.
Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 28 поени, Мареј помогна со 26 поени, Браун имаше 22 поени, а ветеранот Весбрук запиша 17 поени.
Во редовите на ЛА Лејкерс, најефикасне беше Остин Ривс со 37 поени, додека пак Долтон Конект запиша 32 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Мајами – Бостон 91-103
Филаделфија – Индијана 100-112
Атланта – ЛА Клиперс 121-133
Хјустон – Далас 133-96
Мемфис – Кливленд 124-133
Минесота – Орландо 118-111
Сан Антонио – Шарлот 134-145
Денвер – ЛА Лејкерс 131-126
Јута – Торонто 118-126
Феникс – Сакраменто 122-106