Наполи ќе остане без важен играч во продолжението од сезоната, Антонио Конте потврди дека Квича Кварацхелија побарал да биде продаден.
„Кварацхелија побара да биде продаден, разговарав со момчето и ми потврди дека сака трансфер“ – вели тренерот на „наполитанците“.
„Разочаран сум, шест месеци се обидував да го убедам и да му покажам дека е центарот на овој проект, но очигледно џабе беше целиот тој труд“.
Голем број на извори пренесуваат дека офанзивниот фудбалер ќе ја продолжи кариерата во ПСЖ, веќе ги договорил личните услови.
Во Париз тој ќе заработува околу 8 милиони евра по сезона, односно пет пати повеќе од платата која ја има во моментов во Наполи.
Двата клуба следната недела ќе ги интензивираат преговорите, последните информации велат дека ПСЖ на маса ќе стави предлог вреден околу 80 милиони евра сосе бонуси (бонусите ќе бидат лесно остварливи), па за очекување е двете страни брзо да постигнат дил.