среда, 22 јануари 2025

Кузмановски во последната секунда донесе реми за Македонија!

Македонија одигра 29-29 против Австрија во исклучително неизвесен натпревар кој заврши со погодок на Филип Кузмановски буквално во последната секунда од мечот.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија и Австрија одиграа натпревар кој во целиот тек беше неизвесен, а имаше и супер драматична завршница по која ние се израдувавме.

Можеме и да жалиме што не победивме бидејќи во голем дел од мечот водевме, но на крајот треба да бидеме задоволни со ремито затоа што дојде во последната секунда.

Во текот на првото полувреме неколкупати имавме водство и од три гола разлика, но паднавме во финишот, па Австрија на одморот замина со еден гол предност, беше 14-13.

Второто полувреме мина во подолго водство на Австријците, но Македонија постојано беше тука, не му дозволуваше на противникот да се одлепи. Австрија даде гол во последната минута, нам ни останаа уште четири секунди за напад, Кире Лазаров побара тајмаут, а по него Кузмановски во последната минута шутна и погоди за конечни 29-29.

Најефикасен наш ракометар беше Марко Митев кој постигна шест голови, Пешевски даде пет, Кузмановски четири. Најдобар кај Австрија беше Хутечек со шест погодоци.

Наредниот натпревар на Македонија е во четврток против Катар во терминот од 15:30 часот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ