петок, 18 октомври 2024

Кузмановски: Остваривме важна победа за иднината на македонскиот ракомет

Филип Кузмановски е задоволен од победата над Швајцарија, вели дека тоа е триумф по кој со кренати глави се враќаме од Европското првенство во Германија.

Објавено на

часот

Сподели

Нереално беше да се бара победа од силните Франција и Германија, но Македонија триумфираше над противникот кој беше на наше ниво. Победата над Швајцарија е важна и од причина што ќе добиеме полесен противник за баражот за Светското првенство.

„Реални бевме и пред првенството дека против домаќинот Германија и олимпискиот шампион Франција немаме големи шанси затоа што имаат поквалитетни репрезентации. За мечот против Швајцарија се надевавме на победа и пред натпреварот затоа што знаевме дека сме подобри од нив. Ние сме млади и покажавме како треба да играме. Ова е одлично за нашата самодоверба и покажавме дека може да се натпреваруваме на големите турнири. Треба да веруваме и тактички сме подготвени, ние сакаме секогаш да победуваме, но понекогаш е потребна и среќа. Најважно за нас е што со кренати глави се враќаме во Македонија, бидејќи остваривме исклучително важен триумф за иднината на ракометот“, кажа Кузмановски.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ