Кузмановски вели дека атмосферата е одлична, а ракометарите напорно работат да бидат најдобро подготвени за настапот во Вараждин.
„Расположението и мотивацијата се на највисоко ниво. Пред нас е уште едно големо првенство. Сите знаеме колку беше тешко да дојдеме до него и колку сите напорно работиме за да бидиме дел од овој колектив“, вели Кузмановски.
„Од прв ден почнавме со анализа на нашите противници. Ќе се соочиме со квалитетни репрезентации, мораме да бидеме добро подготвени, и физички и тактички. Ќе имаме доволно време да се спремиме до стартот на првенството. Во следниот период ќе одиграме и контролни натпревари на кои ќе можеме да го пробаме сето она што го подготвуваме за нашата група“.
Светското првенство почнува на 14 јануари, Македонија игра во Вараждин во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја.