Македонија одигра 27-27 против силната Унгарија, бевме на чекор до победа, но таа ни се лизна во последните моменти.
„Игравме со одлична екипа, тактички подготвена. Ги анализиравме многу добро и тоа го покажавме, иако ни недостигаше среќа на крајот за да се израдуваме. Покажавме како се игра за Македонија, им благодарам на навивачите што 60 минути ни беше ветар во грб. Имаме еден ден да одмориме и да се подготвиме за Холандија. Посакувам да го повториме истиот меч и да се радувам на крајот“, рече Кузмановски по мечот.