Македонија доживеа висока пораз од Франција на отворањето на Европското првенство, загубивме со 39-29 од противник кој е еден од кандидатите за златниот медал.
Филип Кузмановски е задоволен од играта во првиот дел, а за Франција вели дека тоа е селекција од која можеме многу да научиме.
„Со нетрпение чекавме да играме пред толку многу публика во Диселдорф, што ни донесе дополнителна мотивација со оглед што игравме против силна репрезентација како Франција. Задоволен сум како одигравме во првото полувреме, имавме активен резултат, но противникот потоа ја казни секоја наша техничка грешка. Имаме многу работи да учиме од нив. Видов доста позитивни работи, а сега имаме доволно време да анализираме и четири дена за подготовка до следниот натпревар. Деталите не се многу важни во ваков натпревар, ама од грешките се учи. На добар пат сме, работиме напорно. Дадовме се од себе за Македонија, а сега мислите ни се насочени кон следниот меч“, изјави по мечот Кузмановски.
Од Диселдорф за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски