сабота, 27 јули 2024

Кузмановски: Кога почнував повозрасните се грижеа за мене, сега се обидувам истото да го правам за помладите

Филип Кузмановски вели дека чувствува позитивен притисок пред утрешниот меч против Германија, вели дека дополнителна одговорност за него е тоа што е еден од повозрасните во селекцијата.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија утре со почеток од 20:30 часот во Берлин игра против Германија меч од второто коло на Европското првенство.

„Франција за мене е кандидат за медал, можеби и за злато. Атмосферата на тој натпревар беше импресивна за мене, првпат играв на стадион, пред толку гледачи и целата слика беше восхитувачка“, вели Кузмановски.

„Но, тој меч го забораваме, следен ривал ни е домаќинот на ова првенство, знаеме дека Германците ќе имаат поддршка од полна сала, а бидејќи играв таму, многу добро знам како ќе биде на теренот. Направена е смена на генерациите и во овој тим има фантастични ракометари“.

„Не очекува тежок натпревар, на нивниот дуел против Швајцарија можевме да видиме со каков квалитет располага противникот. Јасно ни е дека без одбрана не можеме да оствариме добар резултат и можам да ветам една поцврста игра во дефанзивата бидејќи тоа многу ќе ни помогне да ги исполниме целите“.

„Морам да истакнам дека чувстввам притисок, но тоа за мене е позитивно бидејќи сум свесен дека сум еден од поискусните во репрезентацијата и треба да им го пренесам тоа на помладите ракометари во тимот. Знам како ми беше мене кога почнував, како за нас се грижеа повозрасните, па се трудам и јас да го правам истото“.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ