Македонија утре со почеток од 20:30 часот во Берлин игра против Германија меч од второто коло на Европското првенство.
„Франција за мене е кандидат за медал, можеби и за злато. Атмосферата на тој натпревар беше импресивна за мене, првпат играв на стадион, пред толку гледачи и целата слика беше восхитувачка“, вели Кузмановски.
„Но, тој меч го забораваме, следен ривал ни е домаќинот на ова првенство, знаеме дека Германците ќе имаат поддршка од полна сала, а бидејќи играв таму, многу добро знам како ќе биде на теренот. Направена е смена на генерациите и во овој тим има фантастични ракометари“.
„Не очекува тежок натпревар, на нивниот дуел против Швајцарија можевме да видиме со каков квалитет располага противникот. Јасно ни е дека без одбрана не можеме да оствариме добар резултат и можам да ветам една поцврста игра во дефанзивата бидејќи тоа многу ќе ни помогне да ги исполниме целите“.
„Морам да истакнам дека чувстввам притисок, но тоа за мене е позитивно бидејќи сум свесен дека сум еден од поискусните во репрезентацијата и треба да им го пренесам тоа на помладите ракометари во тимот. Знам како ми беше мене кога почнував, како за нас се грижеа повозрасните, па се трудам и јас да го правам истото“.
Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски