понеделник, 16 декември 2024
Прес-конференција на СДСМ

Кузеска: Владината мерка е без ефект, цените не се намалени

Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи нема никаков ефект и не се одрази на намалување на цените. На терен, во маркетите и во разговор со граѓаните заклучокот е дека нема намалување на цените на најголем дел од основните производи, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска која изјавата ја даде по обиколка на пазари и продавници.

Објавено на

часот

Сподели

„Само еден вид на леб, на пример, е намален за 1 денар. Кај месото има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е незначително, додека млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени.

За дел од овие цени на производите кои што сега се намалуваат во изминатите неколку недели веќе биле поскапени.

Задоцнетата реакција на Владата и неефикасните мерки немаат никаков реален ефект.
Граѓаните со право реагираат дека живеачката станува се поскапа.  Тоа го потврдуваат и статистичките податоци.

Минималната синдикална кошничка е зголемена на 61.306 денари овој месец а трошоците за храна и пијалок се поголеми за 717 денари во споредба со минатиот месец.

Во исто време, просечната плата бележи пад во просек за 1.000 денари. Одлуката на владата на Мицкоски да ги замрзне платите е погрешна.

Последиците од ова ги трпат граѓаните на Македонија и значат директен удар на нивниот стандард.

Ваквите неуспешни политики на Мицкоски само го зголемуваат товарот врз граѓаните и го отежнуваат нивниот секојдневен живот. Со ВМРО-ДПМНЕ стандардот на граѓаните опаѓа а животот на граѓаните станува потежок“, рече Кузеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ