„Под притисок на СДСМ, Панче Тошковски ги потврди сите објавени информации за скандалот со свадбената поворка на Африм Гаши и пропустите на граничниот премин Блаце. Вчера, СДСМ им даде рок од 24 часа на Тошковски и МВР да бидат чесни и да објават како дошло до овој скандал и кој е вистински одговорен за тоа. Наместо Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ да се охрабрат, кога веќе секако се фатени во скандалот и мораа да го признаат, тие се обидуваат одговорност да му ја натоварат на раководителот на смена на граничниот премин Блаце. Овој човек не е тој кој дал наредба да бидат пропуштени Гаши и сватовите без контрола“, рече Кузеска на прес-конференција во СДСМ.
Таа додаде дека од тие причини денеска ги објавува сите податоци од свиркачите, според кои, ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски лажат и се обидуваат да го скријат вистинскиот виновник и извршител во скандалот.
„Наредбата ја издал новоназначениот началник на Центарот за гранични работи Север, Наим Рамука. Согласно информациите кои ги добивме, еден час пред да поминат Гаши и сватовите, Наим Рамука заради наводна контрола, дошол на граничниот премин. Во суштина Рамука дошол за да го обезбеди поминувањето без контрола на Гаши сватовите. Наим Рамука е човекот кој одобрил ваков излез од државата, а потоа и влез при враќање на поворката. Не е човекот кого го обивнува Тошковски, раководителот на смена на Блаце, туку Рамука кој токму Тошковски го поставил за Началник на Центарот за гранични работи Север“, рече Кузеска.
Таа постави прашања:
„Зошто Тошковски сака да го заштити Наим Рамука и го ‘мести’ раководителот на смена? Дали Тошковски повторно ќе се обиде да излаже и да го заштити својот нов началник на сметка на чесни луѓе кои си ја работат работата? До кога ќе траат лагите на МВР и ВМРО-ДПМНЕ? Ќе си поднесе ли конечно Тошковски оставка? Ова е голем скандал кој не значи само тешка злоупотреба на граничниот премин, туку и своеволие, прекршување на законите и потенцијлно направени кривични дела кои допрва треба да се истражуваат“, рече портпаролката.
Таа нагласи дека безбедноста на границите е нарушена, а граничната контрола целосно суспендирана и ставена под партиска команда на Вреди и ВМРО-ДПМНЕ и порача дека тоа е недозволиво и опасно за државата која е членка на НАТО.
„Време е за одговорност, онаму каде што вистински е лоцирана, почнувајќи од министерот Тошковски па до крај. Прашуваме: Уште колку вакви примери има на злоупотреби, за пропуштање на возила и лица на граничниот премин без контрола?“, рече Кузеска.
Таа наведе неколку барања од СДСМ во врска со случајот:
„1. Бараме целосно да се декласифицираат и да се објават снимките од граничниот премин Блаце за време на целиот ден. Граѓаните да видат кој се поминал без контрола но и да се види дали и други возила се пропуштаат на граничниот премин Блаце.
Тоа ќе биде основа и за истражните органи да постапуваат.
2. Бараме Тошковски да си даде оставка.
На тој начин ќе остави простор истражните органи, Јавното обвинителство, во транспрентна постапка и без притисок да ја утврди одговорноста на сите инволвирани во овој голем скандал.
3. ОЈО да отвори детлна истрага и овој скандал’.