вторник, 22 октомври 2024
Прес-конференција на СДСМ

Кузеска: Пожарите ја опустошија Македонија, Владата е одговорна, Тошковски да поднесе остаквка

„Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потфрлија целосно во справувањето со пожарите и за тоа мора да има одговорност. СДСМ неколку пати апелира дека Тошковски е целосно неспособен да управува со Кризниот штаб и тој мора да поднесе оставка. СДСМ неколку пати апелира Мицкоски сериозно да се насочи кон управување а не кон ПР, но тој одбива. Бараме итна и неотповиклива оставка на Тошковски и целосна консолидација и фокус на сите институции кон кризата. Бараме конечно одговорност од сите инволвирани“, рече на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Објавено на

часот

Сподели

„Тажно е да се гледа катастрофата што се случува со пожарите кои беснеат повеќе од еден месец. Опустошени се 5% од вкупната територија на Македонија! Горат македонските шуми и национални паркови. Досега се изгорени над 1.200 километри квадратни шума. Тоа е 16 пати повеќе во споредба со лани“, рече Кузеска.

Таа наведе дека во Македонски Брод, во околината на селата Брезница и Тажево, над 25 дена гори боровата шума на над 5.000 хектари. Пожарот, рече, се шири кон Јасен а опожарената област е долга над 11 километри. Изгоре и Галичица, нагласи Кузеска и додаде деа пожарот веќе 10 дена беснее и се префрли на охридската страна на планината. Портпаролката наведе дека според официјалните информации, активни се над 12 пожари.

„СДСМ во целиот изминат период, конструктивно и одговорно, не сакаше да ја подгрева тензијата и да ја напаѓа Владата оставајќи ги институциите да работат. Но, состојбата со која се соочуваме е пресериозна и во голема мера последица на неодговорно и ноншалантно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Владата.

Одговорен премиер и одговорен министер, при ваква состојба секојдневно ќе бидат во кризниот штаб и ќе управуваат со институциите. Наместо тоа, тие се бават со дневно политички ПР и лажни промоции со цел да ја дефокусираат јавноста. Страшно, жално и крајно незрело е однесувањето на Владата кон целата состојба.

Според нашите инфомрации, лошата координација со воздухопловите и бавното делување на институциите, за што со денови предупредувавмем се покажува како најголемо потфрлање на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи со кој раководи Тошковски. Понатаму, Тошковски потфрла и во превенцијата и во фаќање на оние кои намерно ги подметнуваат пожарите.

СДСМ уште еднаш бара Мицкоски да го стави интересот на граѓаните на прво место и Тошковски веднаш да биде сменет. Ова што се случува е недозволиво! Мора побрзо да се делува и да се зголеми ефикасноста на институциите“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ