четврток, 7 ноември 2024
Прес-конференција на СДСМ

Кузеска: Отпочна постапката за утврдување претседателски кандидат, можно е и самокандидирање

СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за претседател на Македонија за претседателските избори оваа година. „ „Во тек е веќе номинацијата на можни кандидати за претседател на државата во рамки на месните одбори во општинските организации на СДСМ“, а објавен е и оглас за самокандидирање“, изјави портпаролката на партијата Богданка Кузеска.

Објавено на

часот

Сподели

Кузеска рече дека СДСМ е партија со најголема внатрепартиска демократија во земјава и дека спроведува транспарентна и демократска постапка за избор на најдобриот кандидат.

„СДСМ го избира победничкиот кандидат кој ќе биде иден претседател на Републиката. Во тек е веќе номинацијата на можни кандидати за претседател на државата во рамки на месните одбори во општинските организации на СДСМ. Дополнително, отворен е и јавен повик за самокандидирање, преку оглас во дневни весници на македонски и албански јазик. Со сите документи и формулари од денеска јавниот повик е достапен и на официјалната интернет страница на СДСМ. Даваме можност за самокандидирање и на личности кои не се од СДСМ но ги споделуваат социјалдемократските вредности“, рече портпаролката.

Таа нагласи дека кандидати мора да исполнуваат највисоки критериуми – да имаат висок општествен углед и кредибилитет, да уживаат доверба од членството, симпатизерите, да ги делат вредностите на социјалдемократијата, да ги почитуваат посебностите на сите граѓани без разлика на верска и етничка припадност и да се обврзат на неуморна работа за меѓународниот углед на татковината и исполнување на уште една стратешка и национална цел ,членство во ЕУ.

Сите кандидати, додаде Кузеска, мора да го прифатат, да го почитуваат и да се придржуваат кон Кодексот за однесување на членовите и функционерите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Нашите вредности нѐ дефинираат и нѐ разликуваат од антиевропските и недемократски партии како ДПМНЕ и Левица. Ги повикуваме сите кои ги исполнуваат критериумите и кои се заинтересирани да се пријават. За текот на процесот ќе ја информираме јавноста. СДСМ ќе го има новиот претседател на државата, СДСМ ќе ја формира иднината проевропска Влада и заедно ќе ја внесеме земјата во ЕУ во новиот мандат“, рече портпаролката на партијата Богданка Кузеска

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ