недела, 19 мај 2024
Избори 2024

Кузеска: Очекуваме првични резултати, граѓаните ќе одлучат по кој пат ќе одиме

Богданка Кузеска портпаролката на СДСМ по завршување на гласањето изјави дека ги очекуваат првичните резултати и се заблагодари на сите граѓани кои гласале за Стево Пендаровски.

Објавено на

часот

Сподели

„Денес беше мирен и успешен изборен ден, а изборите беа фер и демократски. Имаше одредени неправилности, но тие се незначителни за овој изборен процес. Правото  на глас и слободното одлучување се најзначајни. Благодарност за граѓаните кои го дадоа својот глас за Стево Пендаровски, а волјата на граѓаните ќе одлучи кон кој пат ќе одиме понатаму. Ги очекуваме првичните резултати“, изјави Кузеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ