„Овие суми ги потврдува и Службениот гласник на општина Охрид, број 14 од 28.12.2023 година. Сопственик на ГРК Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013 каде основач на ракометниот клуб е токму градоначалникот Кирил Пецаков. Значи Пецаков преку општината индиректно си префрла пари на самиот себе си!?
Директор на ГРК Охрид е Славчо Ристески, десна рака на градоначалникот Пецаков, воедно вработен во ЈП Охридски комуналец.
Дали е ова случај на судир на интереси треба да утврди Државната комисија за спречување корупција. Надлежно обинителство пак треба да утврди дали е прекршен Кривичниот законик бидејќи градоначалникот доделил средства на клуб којшто е токму тој основач. Сите аспекти треба да се утврдат затоа што постои основано сомневање дека на ваков начин може да се испумпуваат пари на граѓаните и потоа да се злоупотребуваат.
Нема општина во државата која е водена од ДПМНЕ а за која нема скандал поврзан со финансиите, јавните набавки и парите на граѓаните. Ништо не е сменето во ДПМНЕ“, рече Кузеска.