вторник, 21 мај 2024
Претседателски избори 2024

Кузеска: Ги чекаме првичните резултати, се надеваме дека граѓаните ќе одберат европска иднина

Богданка Кузеска, портпаролката на СДСМ и на изборниот штаб на претседателскиот кандидат на коалицијата, на прес конференција вечерва рече дека ги очекуваат првичните резултати од првиот круг на претседателски избори и изрази надеж дека граѓаните ќе одберат европска иднина.

Објавено на

часот

Сподели

„Констатирани се многу мали прекршувања во текот на гласањето на денешниот ден кои ги сметаме за исклучоци. Ги очекуваме изборните резултати и убедени сме дека граѓаните и денес и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина.

Ние повикуваме на масовност и во нашата кампања бидејќи во демократијата моќта на граѓаните е преку нивниот глас. Претседателските избори имаат два круга и наскоро ќе излеземе со информации околу резултатите“, изјави Кузеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ