„Констатирани се многу мали прекршувања во текот на гласањето на денешниот ден кои ги сметаме за исклучоци. Ги очекуваме изборните резултати и убедени сме дека граѓаните и денес и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина.
Ние повикуваме на масовност и во нашата кампања бидејќи во демократијата моќта на граѓаните е преку нивниот глас. Претседателските избори имаат два круга и наскоро ќе излеземе со информации околу резултатите“, изјави Кузеска.