сабота, 27 јули 2024
Прес-конференција на СДСМ

Кузеска: Фронтекс е доказ дека пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за загрозеност на македонскиот јазик

Објавено на

часот

Сподели

„Реализацијата на овој Договор е дополнителна заштита на нашите граници, на нашиот територијален интегритет. Благодарение на храбрите и државнички одлуки на СДСМ и коалицијата, денес Македонија е препознаена како земја – фактор на стабилност во регионот, кредибилен партнер во одржувањето на мирот и безбедноста.

Покрај напредокот во евроинтеграциите, Македонија оваа година, годината на сериозни глобални предизвици успешно претседава и со ОБСЕ една од најзначијте безбедносни организации во светот. Сето тоа за нас како партија е дополнителен мотив да продолжиме со реализација на потребни реформи и услогласување на македонското законодавство со европското, за побрзо завршување на преговорите со ЕУ.

СДСМ продолжува да биде дел од секој државен и национален успех, заедно со граѓаните ги реализираме стратешките цели“, рече портпаролката.

На новинарско прашање поврзано со изјавите на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за договорот на Владата со Бехтел и Енка, Кузеска рече дека станува збор за лице кое е посочено како извор на лажни вести и од амбасади и е демантиран токму од истите, од меѓународни институции.

„Она што сака да го прави Александар Николоски и во својот статус и ВМРО-ДПМНЕ преку своите изјави токму на оваа тема е спинување на Закон којшто е потполно јасен.За да бидам прецизна ќе се повикам токму на Законот, за јавноста да нема дилеми.

Законот за утврдување на јавен интерес за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 е донесен во 2021 година, а објавен во Службен весник на 16 јули истата година (број 163) што значи е достапен за јавноста.

Во член 11, став (3), односно во делот каде се регулира ангажманот за работници од дома и од странство јасно стои обврската стратешкиот партнер да користи најмалку 51% од локални ресурси. Е токму ова е моментот каде Николоски го прави тој спин. Николоски спинува, затоа што законот е јасен. Тоа значи дека ако нашата земја има доволно локални ресурси којшто може да ги користи тогаш може прцентот да биде повисок од 51%.

Во член 13 во однос на другото прашање, во став 1 јасно стои дека ангажираните работници мора да имаат потребни дозволи за престој и работа и согласно овој специјален Закон точно е утврдена оваа процедура односно она што стои во Договорот е согласно со законот“, рече портпаролката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ