недела, 20 октомври 2024
Прес-конференција на СДСМ

Кузеска: Дали со пари од фирми во Петрич се финансираат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ?

„Во Петрич, Бугарија, на ул.Антон Попов 57 е регистрирана фирмата Дано транс ЕООД, на баџанакот на Мицкоски – Јорданчо Јанев, од Струмица. Јанев кој важи за еден од најблиските соработници на Мицкоски, меѓу другото е и фамилијарно поврзан, вртел пари преку оваа фирма. До 3 милиони бугарски лева биле свртени од оваа фирма во Бугарија, во 2018 година односно околу 1,5 милиони евра“, изјави на прес-конференција во СДСМ, портпаролката на партијата, Богданка Кузеска.

Објавено на

часот

Сподели

Кузеска нагласи дека во тој бизнис не е само баџанакот на Мицкоски. Таа објави и документи кои се однесуваат на две фирми.

„На оваа иста адреса, на ул.Антон Попов 57 во Петрич, Бугарија, има уште една фирма, Инфинити транспорт група. Раководител и сопственик е Дончо Карастоев, прв братучед на баџанакот на Мицкоски. Го прашуваме денеска Христијан Мицкоски. Има ли фирми со исти или слични имиња и во Македонија? Дали овие фирми и овие лица се финансиери на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ? Колку милиони евра свретеле и каде завршиле дел од тие пари? Дали кај членови на семејството на Мицкоски или и во ВМРО-ДПМНЕ?“, праша Кузеска.

Таа додаде дека доколку Мицкоски не одговори, СДСМ ќе ги објави сите информации за тоа, како што рече, кој навистина врти милиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ