сабота, 19 октомври 2024
Хаос во составот на Белгија

Куртоа се налутил зошто Лукаку бил капитен и не се вратил во репрезентацијата

Објавено на

часот

Сподели

Тибо Куртоа вчера не се вратил во репрезентацијата на Белгија за подготовките за натпреварот против Естонија.

Се говори дека голманот повлекол еден ваков чекор откако се налутил на одлуката Ромелу Лукаку да биде капитен против Австрија.

Во отсуство на Кевин де Брујне, селекторот Доменик Тедеско одлучил Ромелу Лукаку да ја носи капитенската лента против Австрија, а Тибо Куртоа да биде капитен на следниот натпревар против Естонија.

Сепак, чуварот на мрежата не го прифатил ова, сметал дека тој треба да биде капитен против Австрија, особено што тоа беше неговиот јубилеен натпревар број 100 во националниот дрес.

Белгија одигра само реми против Австрија, па и резултатот дотурил масло на оганот, Тибо Куртоа се дерел во соблекувалната и се расправал со неколку соиграчи, за кои сметал дека потфрлиле на теренот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ