сабота, 27 јули 2024

Курти во Букурешт побарал од европските функционери да поддржат влегување на Приштина во Советот на Европа

Премиерот на Косово Аљбин Курти изјави дека за време на престојот во Букурешт на конференцијата на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) ги повикал европските функционери да го поддржат Косово во неговиот обид да влезе во Советот на Европа, особено на гласањето на 16 април во Парламентарното собрание.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Продуктивните посети, не само да ја зајакнеме соработката со нашите најблиски пријатели и сојузници, туку и да бидеме повеќе инспирирани од нашите вредности, го зголемуваат општото знаење и посветеноста кон нашата иднина“, порача Курти на Фејсбук.

Тој изрази задоволство од тоа што, како што наведе, „се вратил меѓу пријателите во големото европско социјалдемократско семејство“.

„Овој пат конференцијата на ПЕС беше во преубавиот град Букурешт. Добро го познаваме Букурешт како град кој историски бил важен центар на албанската национална ренесанса, место каде албанските интелектуалци слободно ја разработувале националната мисла. Бидејќи сме два месеци пред европските избори, овој состанок беше од големо значење за јакнење на меѓусебната координација“, напиша Курти.

Додаде дека на маргините на конференцијата разговара или бил во присуство на европскиот комесар Николас Шмит, поранешниот премиер на Шведска Штефан Левен, германскиот канцелар Олаф Шолц и други претставници на партии членки на ПЕС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ