Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Приштина Џефри Ховениер истакна дека Курти не отпатувал на покана на владата на САД, туку на Националниот демократски институт кој е поврзан со Демократската партија.
Пристигнувањето на претседателот на косовската влада во Чикаго го искоментира некогашниот специјален претставник на Доналд Трамп за дијалогот на Белград и Приштина, Ричард Гренел.
Yikes. Word is she didn’t know him or where Kosovo was.
She didn’t even realize her own government has been criticizing Kurti for destabilizing the region.
Radical Lefties together. https://t.co/R5AVcrvW6C
— Richard Grenell (@RichardGrenell) August 19, 2024
Тој оцени дека кандидатката на демократите на претседателските избори во САД, не ни знае кој е Курти. „Упс! Се зборува дека не го ни познава, ниту пак знае каде е Косово“, напиша Гренел на социјалната мрежа Икс.
Гренел коментирајќи ја фотографијата на која се наоѓаат Камала Харис, Аљбин Курти, неговата сопруга и уште едно лице, напиша: „Собир на радикални левичари“.