четврток, 30 мај 2024

Курти одбива да ја формира Заедницата на српски општини: Што ќе им се на Србите повеќе права

Косовскиот премиер Аљбин Курти повторно го отфрли формирањето на Заедницата на српски општини и тоа откако Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја усвои препораката за прием на Косово во Советот на Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Курти во Стразбур, каде се одржа вонредното заседание на ПССЕ на кое беше усвоена препораката, кажа дека неговата влада не сака основниот договор со Србија да се претвори во алатка за ЗСО и дека прашањето на ЗСО е во рамките на тој договор, а не обратно.

Тој тврди дека Србите на Косово „имаат многу права како малцинство“ и малициозно го постави прашањето „што ќе им се на Србите поголеми права, кога ги бојкотираат и овие што сега ги имаат“.

Курти избегна да каже дека Србите ги напуштија косовските институции откако Приштина го смени командирот на косовската полиција за регионот Север, а токму на северот на Косово 95 отсто од населението се Срби. Тој потег претставува кршење на Бриселскиот договор според кој составот на полицијата на северот на Косово мора да го отсликува етничкиот состав на населението.

Причина за напуштањето на институциите беше и тоа што Приштина не го спроведува Бриселскиот договор, гради бази на специјалните единици на полицијата на северот на Косово и ги противправно ги апси Србите.

Формирањето на Заедницата на српски општини е обврска на Приштина според Бриселскиот договор од 2013 година, а Приштина 11 години одбива да ја спроведе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ