сабота, 21 декември 2024

Курти: Косово од 1 јануари 2025 ќе им дозволи на граѓаните на БиХ влез со лична карта

Косово од 1 јануари 2025 ќе им дозволи на граѓаните на Босна и Херцеговина влез со лична карта, објави косовскиот премиер Аљбин Курти во говорот на самитот на Берлинскиот процес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на една деценија, постигнат е значителен напредок во Берлинскиот процес, но потребна е поголема акција. Парадоксот настана во јануари оваа година кога граѓаните на Косово добија безвизен режим за патување во ЕУ, но и понатаму немаа слобода на движење во Босна и Херцеговина“, кажа Курти на собирот на лидерите на Западен Балкан и Европската Унија.

Иако носанскохерцеговскиот ентитет Република Српска, како што кажа, „одбива да го ратификува договорот за мобилност за слободно движење со лична карта, кој мојата земја прва во регионот го ратификуваше, одлучив да го прекинам чекањето“.

„Од 1 јануари следната година, Косово еднострано ќе дозволи слободно движење за носителите на лична карта на БиХ“, кажа Курти.

Тој кажа и дека веќе една деценија Берлинскиот процес игра клучна улога во приближувањето на нашиот регион и напредувањето кон ЕУ и останува движечка сила на европските интеграции и нишка која ја поврзува западнобалканската шесторка.

Курти предупреди дека „мора да се пазиме од странското влијание, особено на Кина, која вложи големи средства во нашиот северен сосед, потпишувајќи Договор за слободна трговија и обврска за заедничка иднина со Кина“.

„ЕУ мора да обезбеди ЕУ фондовите да бидат поврзани со вредностите на ЕУ – Берлинскиот процес е тој кој го приближува нашиот регион кон ЕУ, а не „Пекиншкиот процес“ кој води кон БРИКС“, кажа Курти.

На лидерите на ЕУ и државите членки им кажа дека е „крајно време Косово да добие статус на официјален кандидат“ за членство во ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ