среда, 29 мај 2024

Курти: Косово не ја прифаќа Заедницата на српски општини како услов за членство во Советот на Европа

Премиерот на Косово Аљбин Курти кажа денес дека неговата влада нема да прифати формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство како услов на Косово во Советот на Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој, зборувајќи на седницата на владата во Приштина, кажа дека Косово се соочува со „нов услов, кој нема врска со членството“ во Советот на Европа.

„Владата не го прифаќа условувањето на членството во Советот на Европа со Заедницата. За нормализацијата на односите со Србија разговараме во Брисел, а не во Стразбур“, кажа Курти.

Франција и Германија побараа од Косово да преземе чекори кон формирање на Заедницата на српски општини набрзо откако Парламентарното собрание на Советот на Европа на крајот на април ја усвои препораката Косово да се прими во членството.

На состанокот на Комитетот на министрите за надворешни работи на 16 мај во Стразбур се очекува да биде донесена конечна одлука за приемот на Косово во СЕ. Косово и Србија постигнаа договор за ЗСО во 2013 година, а потоа и во 2015 за принципите за нејзиното формирање.

Уставниот суд на Косово во 2015 година утврди дека договорот не е во целосна согласност со уставот.

Србија бара Косово да ги примени постигнатите договори, но косовската влада одбива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ