недела, 20 октомври 2024

Курти: Косово не ги простува злосторствата на Србија

Косовскиот премиер Аљбин Курти кажа во Штимље, на академијата по повод 25 години од масакрот во селото Рачак, дека „народот и Република Косово не ги простуваат злосторствата кои Србија ги извршила за време на војната, ни во Рачак ни каде било на друго место“.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Злосторствата извршени за време на војна никогаш не застаруваат, бидејќи не можат да се избришат од историјата на државата Србија кои тие злосторства ги извршила и од историјата на Косово и неговиот народ кој со толку болка и со толкава загуба ги наследил“, кажа Курти.

Претседателката на Косово Вјоса Османи изјави дека барањето правда е света должност и дека семејствата на убиените пред 25 години во селото Рачак заслужуваат извршителите на злосторството да бидат изведени пред правдата. Таа оцени дека на 15 јануари 1999 година „светот доживеал еден од најстрашните масакри кој се случил во Европа на крајот на 20 век“.

„Трагањето по правдата е задача и знак кој ги надминува етничките граници и етничката припадност. Семејствата на убиените заслужуваат извршителите на ова злосторство против човечноста да бидат изведени пред лицето на правдата“, кажа таа.

Поранешниот шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ на Косово во 1999 година Вилијам Вокер оцени дека Косово е една од најуспешните демократии во Европа.

„Косово е денес успешна приказна, по мое мислење ова е една од најуспешните демократии во Европа, ако не и во светот. Слободата на говорот, слободата на печатот, слободата на вероисповедта, безбројните слободи кои ги имате“, истакна Вокер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ