сабота, 27 јули 2024

Курти: Косово е најдемократската земја на Западниот Балкан

Објавено на

часот

Сподели

Тој ова го изјави откако Соединетите Американски Држави преземаа мерки против Приштина поради случувањата на северот на Косово.

Курти преку снимка објавена на Фејсбук порача дека Приштина ја засилила комуникацијата со меѓународната заедница и дека смирувањето на ситуацијата е заедничка цел, но го повтори ставот дека албанските градоначалници на северот на Косово, и покрај минималната излезност на изборите поради бојкотот на Србите, „и понатаму единствени имаат легитимитет да бидат во зградите на општините и да им служат на граѓаните“, додавајќи дека ја имаат целосната поддршка од власта во Приштина.

Оцени дека протестите на кои се напаѓаат косовската полиција и Кфор „не е протест за општината, туку за власт“ и додаде дека власт на Косово може да се добие само преку избори, а не со „насилство и злосторства“.

Тој повтори дека Косово е „најдемократската земја на Западниот Балкан“.

Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер изјави денес дека откажувањето на учеството на Косово во воената вежба „Дифендер Јуроп 23“ е „првата последица“ за владата во Приштина.

Ховениер истакна дека САД имаат две барања од Приштина – да не инсистира албанските градоначалници да работат од зградите на општините, како и да ги повлече полицајците од трите општински згради на северот на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ