недела, 19 мај 2024

Курти кажа дека сопирањето на косовските државјани на српската граница е грубо кршење на човековите права

Премиерот на Косово Аљбин Курти изјави дека сопирањето на косовските државјани на српската граница е „грубо кршење на човековите права“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Властите на Србија сопреле автобуси со косовските регистрации на границите со Хрватска и со Унгарија, „во знак на одмазда“ поради поддршката на Парламентарното собрание на Советот на Европа за членство на Косово во таа организација. Ова го порачаа приштинските власти, кои ги повикаа косовските граѓани „по секоја цена“ да ја избегнуваат Србија.

„Еден ден откако во Парламентарното собрание се гласаше во корист на Косово за членство во Советот на Европа, Србија им возвраќа на косовските цивили. Од утринава над 300 наши граѓани, вклучувајќи деца, се притворени на границата, без храна и лекови“, напиша Курти на социјалната мрежа Икс.

Министерството за внатрешни работи на Србија објави дека тврдењата за задржување автобуси се „неосновани“ и дека полицијата „никого не задржувала ниту спречувала влез и премин на кој било граѓанин“ од територијата на Косово.

„Во тек е засилена контрола на сите патници на граничните премини и се вршат безбедносни проверки, а сè со цел за поголема безбедност на граѓаните, што може да предизвика подолго задржување на самиот граничен премин“, наведе српската полиција.

Србија се противи на членството на Косово во Советот на Европа, а министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ по гласањето порача дека ќе ја продолжи својата борба „со сите сили“ за таа одлука да не биде усвоена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ