сабота, 27 јули 2024

Курти: Идентификувавме 45 лица кои припаѓаат на терористичките организации „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“

Објавено на

часот

Сподели

Курти изјави дека овие лица наводно учествувале во напади врз војници на КФОР, полицајци и новинари.

„До денес се идентификувани 45 лица, кои учествуваа во насилните напади врз војници на КФОР, полицајци и новинари, но кои користеа и оружје. Видовте какво оружје беше одземено на 23 јуни. Од овие криминалци најмногу стравуваат Србите, кои ни испраќаат информации секогаш кога законот делува. Имаме безброј факти и докази дека се работи за терористичка организација, ако тоа не го објавиме, ќе ѝ наштетиме на нормализацијата“, изјави Курти за приштинските медиуми.

Косовската полиција досега уапси неколку лица за напад на новинари и за насилство на протестот на Србите на 29 мај во Звечан.

„Ниту четвртина од осомничените за нападите на северот на земјата не се уапсени, затоа и имаме ваква ситуација“, рече Курти.

Запрашан за реакциите на САД, кои изјавија дека Владата на Косово не се „координирала“ со Вашингтон и другите меѓународни организации во однос на прогласувањето на организациите од северот на Косово за терористички, Курти рече дека има „безброј факти и докази дека се работи за терористички организации“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ