Курт во видеоинтервју за МИА вели дека модернизацијата на аеродромот е обврска на ТАВ Македонија согласно Договорот за концесија на аеродромите. Плановите се да се зголеми капацитетот на патничкиот терминал и да се обезбеди удобност за патниците кои ќе патуваат низ аеродромот.
„Процесот е веќе почнат и очекуваме за околу еден месец активно да почнеме со некои од работите. Додека го реализираме проектот и работиме на изградбата, реконструкцијата и обновата ќе нема прекин на сообраќајот. Многу сме ригиди кога станува збор за аеродромското функционирање. Нема да прекинеме со никакви операции, ќе го правиме тоа во фази, за да осигураме дека ништо нема да биде прекинатото ќе почнеме со една страна, па ќе продолжиме со друга, исто како кога се одвиваа работите за обнова на пистата пред неколку години, кога аеродромот не беше затворен“, вели Курт.