среда, 18 декември 2024
Обвинителството донесе наредба за спроведување на истрага

Куршум заврши во ѕид до врата при обид за убиство поради долгови во Мирковци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен маж за обид за убиство, како и против негов соучесник за помагање по извршувањето на кривичното дело. Инцидентот се случил на 10 декември во селото Мирковци, кога осомничениот се обидел да го лиши од живот оштетениот поради претходна нетрпеливост и нерасчистени долгови.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението од Обвинителството, 37-годишникот пристигнал пред домот на жртвата, каде што извадил пиштол и испукал куршум кон него. Не успеал да го погоди, а куршумот завршил во ѕидот веднаш до влезната врата. Во моментот на пукањето, оштетениот се повлекол во внатрешноста на куќата и ја затворил автоматската врата, која веднаш се заклучила.

Нервозен што не успеал да влезе во куќата, осомничениот започнал да тропа и да удира со нога на вратата, но безуспешно. По инцидентот, побегнал заедно со друго лице, кое се сомничи дека му помогнало да се скрие од надлежните органи.

Јавниот обвинител, оценувајќи дека постојат законски основи, побара мерка притвор за осомничениот сторител на обидот за убиство. Основниот кривичен суд Скопје ја одобри мерката и му одреди 30 дена притвор.

Со истрагата ќе се утврдува и улогата на соучесникот, кој се сомничи за помагање при бегството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ