недела, 12 јануари 2025

Курбан Бајрам е празник на солидарноста, соживотот и сочувството, честитки од државниот врв

Објавено на

часот

Сподели

„Курбан Бајрам e празник на солидарноста и сочувството, празник на широкоградоста и простувањето, празник на споделувањето и себе – вложувањето, на разбирањето и почитувањето меѓу луѓето. И оваа година Курбан Бајрам нека ги облее срцата на сите луѓе и нека ги исполни со радоста што ја носи со себе. На овој голем ден да ја споделиме трпезата, да го споделиме она што го имаме со блиските или далечните, познатите или непознатите, со оние кои имаат повеќе и со оние кои имаат помалку. Во ова време на премрежија низ кое поминува и целото човештво и нашата држава, да не дозволиме сами и осамени да поминуваме низ сопствените и туѓите битки и предизвици; да се обединиме за надминување на секоја пречка или тешкотија што се појавува пред нас. Да го славиме заедно животот и да ја градиме заедничката иднина, затоа што сите сме неотуѓив дел од ова тло. Честит Курбан Бајрам и многу години да го празнуваме“, се наведува во честитката на Џафери.

b

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во државата.

„Дозволете ми на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија да упатам најсрдечни честитки по повод празникот Курбан бајрам. Ви посакувам празничните денови да ги поминете во слога, хармонија и благосостојба помагајќи им на сите на кои им е потребна помош, поткрепа и разбирање. Курбан бајрам, празникот кој се темели на солидарноста и дарежливоста, нека биде поттик на сите граѓани за заедничко надминување на предизвици во нашето мултиетничко општество. Во духот на празникот Курбан бајрам, да продолжиме да ја градиме нашата држава на темелите на разбирањето, соживотот и грижата за другиот“, порача претседателот.

п

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски по повод еден од најголемите верски празници, Курбан Бајрам, упати честитки до поглаварот на Исламската верска заедница , реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, на членовите на Ријасетот и на муфтиствата, како и на сите припадници на исламската вероисповед.

„Одбележувањето на овој празник, кој е симбол на солидарноста и благосостојбата, е во духот на нашиот вековен соживот кој го градиме со генерации. Празникот Курбан Бајрам сите нас нè потсетува на значењето и големината на споделувањето, љубовта кон блискиот и взаемната почи“т, се наведува во честитката на премиерот, објавена од владината прес-служба.

m

Во неа се потенцира дека само заедно и сплотени, можеме да го совладаме секој предизвик и да продолжиме да го негуваме и чуваме нашето општество како едно општество за сите.

Премиерот порача овие празнични денови да поминат во мир, љубов и радост во домовите.

„Нека овој ден нè зближи уште повеќе во нашите заеднички напори за промоција на демократските и европски вредности во духот на мултикултурализмот, по што сме препознатливи во светот. Како што овој празник се одбележува преку сплотеноста на заедничката трпеза во кругот на семејството, роднините и пријателите, така да бидеме сплотени на нашиот пат кон приклучувањето во големото европско семејство“, потенцира премиерот.

Честитки упати и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Посакувам  овие празнични денови да Ви донесат среќа, мир, спокојство, хармонија и здравје, стои во честитката, вели Мицкоски и додава дека празникот Курбан Бајрам е празник кој потсетува на хуманоста и солидарноста кои се основните човечки вредности. Според него, да се помогне и да се подаде рака на оној на којшто му е потребна е израз на човечноста. 

н
 
 „Македонија многу пати досега докажала дека луѓето од различна вера или етничка припадност многу пати досега си подале рака и се подржувале  во предизвиците со кои се соочувале. Проблемите со кои  се соочуваме ги делиме сите, затоа сметам дека само работа, сплотеност и заеднички труд можат да не исправат пред сите неправди и заедно  да ги помине предизвици и премрежјата. Мораме напорно да работиме и да создаваме државата во која главна водилка ќе ни биде сплотеноста и толеранцијата и која ќе обезбеди иднина подеднакво за сите граѓани“, се вели во честитката од Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ