„Најголемиот дел од активностите се одвиваа во скопската општина Чаир, каде отстранета е обемна дива депонија, лоцирана на улицата ‘Џон Кенеди’, во непосредна близина на ООУ ‘Васил Главинов’. Оваа локација претставува таканаречена ‘црна точка’, каде веќе подолг период континуирано се одлага отпад на јавни или сообраќајни површини“, се појаснува во соопштението на претпријатието.
Во Чаир било интервенирано и на булеварот „Македонско-косовска бригада“, како и на улицата „Цветан Димов“, при што биле подигнати вкупно 25 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.
Екипи на претпријатието во текот на вчерашниот ден подигнале и приближно 20 кубни метри отпад од картонски пакувања, одложен долж улицата „Тодор Александров“, на потегот што води кон Средно Водно.