сабота, 27 јули 2024

Кумановец нападнал полицајци кои му нашле дрога, обвинителството отвори истрага

Кумановското обвинителство отвори истрага за две кривични дела против деветнаесетгодишник кој нападнал полицајци додека го претресувале и му пронашле марихуана, која ја подготвил за продажба.

Објавено на

часот

Сподели

– На 25 март, при личен претрес на осомничениот пред станбената зграда во која живеел, полицијата пронашла околу десет грама марихуана која претходно ја набавил од непознато лице, ја спакувал во седум помали пакувања и ја наменил за натамошна продажба. Додека му бил вршен претресот, тој од џебот извадил нож и им се заканил на полициските службеници, а со дршката од ножот удрил еден од полицајците, нанесувајќи му телесна повреда, соопшти Обвинителството.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово поведе истрага против деветнаесет годишниот кумановчанец осомничен дека ги сторил кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци и напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а Основниот суд во Куманово го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Претходно СВР Куманово информираше дека полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(19) од затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

„Исто така, при приведувањето, физички нападнал полициски службеник, а подоцна оштетил и дел од инвентар во просториите на СВР Куманово“, соопштија од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ