сабота, 27 јули 2024
Последици од синоќешното невреме во кумановско

Кумановчани останаа без вода, таму кај што ја има е забранета за употреба

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово испрати апел до граѓаните на Куманово да не ја користат водата за пиење од водоводот и информираше дека водоснабдувањето е сопрено и најверојатно ќе биде така сѐ до моментот на надминување на состојбата.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска, до Центарот за управување со кризи (ЦУК) – сектор за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување на проблемот со водоснабдување во Куманово.

„По вчерашните обилни поројни врнежи од дожд и град во липковскиот регион е предизвикано зголемување на нивото на Липковска река, што има влијание на системот за водоснабдување – на филтер станицата на ЈП Водовод Куманово. Според информацијата од одговорното лице на филтер станицата се работи за количина на над 10.000 метри кубни заматена вода што влијае на процесот на прочистување и испорака на вода до граѓаните. Од тие причини, во моментот е појавена заматеност на водата во цевководниот преносен систем и е прекината дистрибуцијата, што најверојатно ќе трае во текот на целиот денешен ден, а по потреба, сѐ до моментот на надминување на состојбата“, информираат од ЦУК.

Оттаму велат дека веднаш побарале инспекциските служби и Центарот за јавно здравје од Куманово да излезат на лице место, да направат увид, да земат мостри за анализа и да донесат соодветно решение за понатамошна постапка.

„Истовремено е известена и Општина Куманово за понатамошна постапка, во насока преземање мерки и активности за надминување на состојбата во интерес на граѓаните, а во моментот е воспоставена е комуникација со медиумите заради известување на граѓаните на Куманово“, велат од ЦУК.

Најавено е дека во 12 часот ќе заседава Општинскиот штаб со сите претставници од институциите во Општина Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ