Тотнем врза две победи, избраниците на Постекоглу вечерва триумфираа со 0-2 против Нотингем Форест.
Резултатот беше отворен во втората минута од продолжувањето на првиот дел, Кулушевски одлично нафрли и му асистираше на Ришарлисон за 0-1.
Домаќините изедначија на 1-1 преку Еланга во 58. минута, но ВАР им ја скрати радоста и го поништи голот поради офсајд.
Во 65. минута, голманот на Нотингем Форест погреши при обидот да исфрли една топка, па потоа и лошо бранеше, а Кулушевски ја затресе мрежата за 0-2, и практично тука беше решен натпреварот.
Нотингем Форест не успеа да се врати во игра и покрај тоа што Бисума поцрвене во 70. минута.