Како што најави, има законски рок од пет години да го имплементираат туризмот во културата и напомена дека ќе развиваат програми кои ќе придонесат за подобрување на културното наследство.
„Континуираната негрижа најмногу се виде во овие седум години, и се виде како може системот наеднаш да се распадне, поготово во делот на културата. Во наредниот период имаме фаза во законски рок од пет години да го имплементираме туризмот во културата и заедно да развиваме програми, кои што реално ќе придонесат за подобрување на културното наследство, за презентација на културното наследство, за екологијата, за зголемување на туристичките капацитети со подобро мапирање, но и со подобра презентација на целото богатство кое што го имаме“, изјави Љутков одговорајќи на новинарско прашање по денешната посета на Музејот на Македонија.