Фестивалот е кофинансиран од Европската Унија и се одржува под мотото – запознај го триаголникот на овој дел од светот преку музика, гастрономија и животот на локалното население, обединети заедно за европската перспектива на регионот.

„Преку фестивалот ‘Запознајте ја Преспа’, се запознавате со културното наследство на еден регион преполн со историски и културни локалитети, вклучувајќи антички цркви, манастири и археолошки локалитети. Регионот има неколку живописни села познати по својата традиционална архитектура и мирен амбиент. Музиката, гастрономијата и животот го формираат совршениот триаголник на регионот Преспа“, порачуваат организаторите.






