среда, 4 февруари 2026

Започнаа подготовките за претставата „Пламенка“ во Битолскиот театар

Во НУ Народен Театар Битола почнаа подготовките за првата премиера, во сезоната 2025/2026 година, „Пламенка” која ќе се работи според романот на битолскиот автор Петре Димовски, во режија на Софија Ристевска. Претставата е во драматизација на драматургот на Битолскиот театар, Билјана Крајчевска.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во претставата играат актерите и актерките Катерина Аневска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска, Викторија Степановска, Марија Стефановска, Вероника Ефтимова, Валентин Дамчевски, Александар Стефановски, Александар Димитровски и Живко Борисовски.
„Пламенка“ ќе биде претстава за женската отпорност и издржливост, претстава за женскиот подвиг и хероизам.

Романот е трогателна приказна за вистински херој, за една жена борец која ги преживеала сите војни од 1903 до 1945 година, приказна за Македонија, приказна за Пламенка.
Проектот ќе се реализира во копродукција со НУ Центар за култура Битола и Интимен театар Битола. Премиерата ќе биде на 17 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ