понеделник, 14 јули 2025

Втор конкурс за стипендии на Фондацијата „Ацо Шопов“

Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ денеска го објави вториот конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов“ на млади истражувачи од втор и трет циклус студии.

Објавено на

часот

Сподели

Стипендиите се наменети за оние млади истражувачи во полето на хуманистиката кои во својот пристап ги инкорпорираат вредностите со кои се одликува творештвото на Ацо Шопов, односно: хуманизам, космополитизам, мултикултурализам и интеркултурна комуникација, еднаквост, толеранција и сл., а во доменот на научноистражувачката методологија се придржуваат до современите научни парадигми.

Како што соопштија од фондацијата, имаат право да конкурираат студенти запишани на втор и трет циклус студии, чија тема на магистерски или докторски труд е веќе прифатена од наставно-научниот совет на факултетот на кој студираат, чиј магистерски или докторски труд ѝ е посветен најмалку во една третина на македонската современа поезија и најмалку во една четвртина на творештвото на Ацо Шопов, и кои во текот на студиите постигнале најмалку 8 просечен успех.

Прецизните услови на конкурсот се објавени на страницата на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ во „Лирскиот дом на Ацо Шопов“: „https://www.acosopov.com/фондација/“.

Пријавите треба да пристигнат најдоцна до 14 јули 2025 година на оваа адреса: „acosopov.fondacija@gmail.com“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ