понеделник, 8 декември 2025

Вработените кои работеа во недела не се исплатени, реагира Синдикатот на културата

Објавено на

часот

Сподели

„Другиот дел од институциите каде што е веќе исплатена платата за јануари, не ги почитувале измените во Законот, па така работата на одредени категории на вработени која што се одвива во недела не е исплатена“, се вели во соопштението до медиумите испратено од Синдикатот.

Според Синдикатот на културата, ова е грубо прекршување на Законот за работни односи од страна на Министерството за култура и дел од институциите. Поради тоа, итно бараме јавно објаснување од страна на Министерството за култура зошто се прекршува Законот за работни односи и кога и како ќе биде надминат проблемот со недела како неработен ден.

Оттаму, исто така бараат од Министерството да утврди одговорност кај сите директори на институциите кои го прекршиле Законот за работни односи. Во спротивно, како што велат, Синдикатот ќе започне правни постапки за заштита на правата на вработените во културата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ