понеделник, 29 декември 2025

Во пресрет на „Прличеви беседи 2026“ распишан конкурс за најдобра беседа посветена на Григор Прличев

Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2026 година Националната установа (НУ) библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распиша Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на големиот поет и преродбеник Григор Прличев на тема: „По песната птиците се разликуваат“, една од мислите кои Прличев често ја употребувал во своите беседи пред охриѓани.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од НУ библиотека „Григор Прличев“ Охрид, со конкурсот кој го распишува четврта година по ред, библиотеката сака  да го поттикне творештвото на младите луѓе да пишуваат креативно и да го збогатат својот израз.

„На конкурсот можат да се пријават млади македонски автори од 15 до 35 годишна возраст. Беседата не смее да биде поголема од 3.000 зборови и треба да е напишана во фонтот ариел 12. Беседата не смее да содржи  политичка, етничка и верска содржина, туку треба да носи универзална порака за мир, љубов, соработка и претходно да не е публикувана. Комисијата ќе ја оценува нивната уметничка, јазична и естетско–етичка содржина“, информираа од НУ библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

Беседите до комисијата се испраќаат исклучиво под шифра на електронската адреса: [email protected]  најдоцна до 11 јануари, 2026 година.

На авторот на најдобрата беседа ќе му биде доделена парична награда од 9.000 денари и признание со ликот на Прличев а ќе му бидат врачени на манифестацијата „Прличеви беседи“ во февруари, 2026 во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

Шифрата на наградената беседа ќе биде објавена најдоцна до 23 јануари, 2026 на веб страницата на библиотеката и преку медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ