Илинденка Петрушева (4 август, 1944 – 5 аептември, 2025), остави длабока трага во националната кинематографија со својата повеќедецениска посветена работа во истражувањето, проучувањето, прибирањето, архивирањето, презентацијата и популаризирањето на филмската уметност кај нас. Таа беше дел од самите почетоци на Кинотеката и со своите иницијативи ги постави темелите на филмскиот архив, конкретната кинотечна и архивска практика, филмската кинотечна програма, како и културната дејност од областа на филмот и визуелните уметности – темели и основи на кои што институцијата е создадена, востановена и кои што Кинотеката ги развива и денес.
Комеморацијата ќе биде можност нејзините колеги, пријатели и почитувачи, како и културната јавност, да се потсетат и да го чествуваат нејзиното големо дело и неповторлив придонес кон македонската култура и филм.






