Комеморацијата ја организира семејството Костиќ и тимот на продукцијата „Диско селектор“.
Собирот е отворен за сите кои сакаат да оддадат почит и да се потсетат на животот, делото и оставнината на Драган Б. Костиќ, се наведува во поканата за комеморацијата.
Драган Б. Костиќ е роден во 1950 година во Скопје. Кариерата ја почнал во тогашното Радио Скопје, прославувајќи се како со својот глас, така и со емисиите „Диско селектор“, која почна да се емитува во јуни 1974 година и „Заборави ако можеш“, која ја водеше од 1991 година.
Костиќ беше еден од најпопуларните радио-водители, музички новинари, еден од легендарните скопски диџеи и голем колекционер на музика. Костиќ прослави 50 години од радио-емисијата „Диско селектор“ со настанот „Последниот танц“ во арената „Јане Сандански“.

Во последните години беше познат и по своето телевизиско шоу „Б со точка“ и со онлајн емисијата „Кавервил“.






