Во рамки на проектот ќе бидат опфатени 40-тина ученици, кои учат македонски јазик во двете основни училишта во Загреб “Август Харамбашиќ“ и „Никола Тесла“, под водство на наставникот Деспина Белчовска Велинска.
Ќе бидат реализирани три креативни работилници, и тоа: драмска под водство на актерката и режисер Снежана Конеска Руси, работилница за илустрација на книги за деца под водство на дизајнерот и едукатор Елена Максимовска и работилница за креативно пишување под водство на м-р Татјана Гогоска, автор на проектот и автор на книгата „Магичниот круг на детството“, која ќе биде промовирана на завршниот настан на 19. април во Македонскиот КИЦ во Загреб, во присуство на повеќе гости од разни сектори, и на кој меѓу другите ќе зборуваат, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, која со својата поддршка го овозможи реализирањето на овој проект, како и авторката на книгата м-р Татјана Гогоска .
Книгата ќе ја промовираат децата учесници, во трите работилници, со свој перфоманс. Целиот настан ќе го води и модерира познатата актерка и режисер Снежана Коневска Руси.






