Пред аудиториумот во Битола, амбасадорката на НР Кина, Џианг Сјаојен посочи дека иако во земјава е нешто повеќе од три месеци и веќе се чувствува како дома.
„Јас сум трогната од великодушноста и љубезноста на луѓето овде или како што вели кинеската поговорка ‘Каде што срцето чувствува, таму е домот’. Благодарение на вашата топлина оваа прекрасна земја почнав да ја чувствувам како свој дом. Битола веќе воспостави врски со Нингбо, а трговијата на двата градови минатата година порасна за повеќе проценти. Ова е живописен пример за потенцијалот на соработката на локално ниво и ветувачки за поблиска размена. Драги пријатели за нешто повеќе од десет дена ќе ја дочекаме Кинеската лунарна Нова Година. Тоа е годината на коњот. Во обете култури, коњот симболизира брзина, сила и храброст. Нека инспирира да продолжиме напред со енергија, единство, решителност градејќи посветла иднина за нашите земји и народи“, нагласи амбасадорката Сјаојен.
Уметниците од НР Кина изведоа повеќе национални уметнички перформанси, на воодушевување на битолската публика, приредија и инструментална изведба на македонската народна песна „Ој девојче, девојче“, а на градоначалникот Тони Коњановски му врачија пригоден подарок.






