Станува збор за прв целосно македонски мјузикл, проект што на едно место ги спојува музиката, сцената и приказната за човекот кој остави неизбришлива трага во светската музика.
Во проектот учествуваат Владимир Димовски – диригент, продуцент и оркестратор на проектот, Бојан Стојков – во улога на Фреди Меркјури и режисер, Димитар Захариевски автор на сценариото и во улога на Брајан Меи, Никола Пројчевски во улога на Џон Дикон, Никола Стефанов во улога на Роџер Тејлор и Теона Крстеска во улога на Мери Остин.
На средба со новинарите во Битола беше посочено дека идејата за ваков мјузикл кај Владимир Димовски постоела одамна, но најголем предизвик било да се пронајде вистинската личност што ќе може да ја понесе улогата на Фреди Меркјури. Како што истакна тој, пресвртниот момент се случил на еден концерт, кога за време на изведбата на песната „I Want to Break Free“, која ја пеел Бојан Стојков, увидел дека токму тој може да биде вистинскиот избор за оваа улога. Токму така започнала и соработката што подоцна прераснала во идеја за создавање на мјузиклот.






