недела, 14 декември 2025

Во Библиотеката „Искра“ во Кочани отворена етно -изложбата „Уметноста на традицијата“

Изложба насловена ,,Уметноста на традицијата” од Мирче Делчев беше отворена синоќа во ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

За настанот и посветеноста на авторот говореше Даниел Ѓорѓиевски, кореограф во кочанскиот Флоклорен ансамбл „Митко Алексов”.

Изложбата се состои од цртежи на кои се пренесени народни носии од повеќе делови на Македонија. Исто така, дел од изложбата е и поставка  од завиден број  етнолошки автентични предмети, народни носии, рачно изработени ткаенини, алатки и покуќнина.

Посетителите може да погледнат и најразлични предмети со декоративни елементи, од кои поголемиот дел од нив се од личната збирка на семејството на авторот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ