четврток, 12 јуни 2025

Весна Петрушевска – лауреатка на МТФ Денови на комедија 2025 во Куманово

Годинашниот лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“- Куманово е актерката Весна Петрушевска, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

„Со огромно задоволство соопштуваме дека лауреат на МТФ Денови на комедија 2025 е актерката Весна Петрушевска. Фестивалот и Советот на фестивалот – МТФ Денови на комедија Куманово во состав: Сања Русеска, Владанка Крстевски, Сефедин Шабани, Крсто Богојевски и Александар Крстевски доделува награда „Васил Иљоски“ на актерката Весна Петрушевска за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедијата“, информираа од установата.

Наградата ќе ѝ биде врачена на денот на отворањето на фестивалот Денови на комедија 2025, на 24 септември во големата сала на Центарот за култура Куманово.

Изминативе години лауреати на фестивалот беа: Шенка Колозова, Љубица Гојковиќ, Ѓорѓи Андов, Илија Струмениковски, Стојна Костовска, Благоја Чоревски, Коле Ангеловски, Сашко Коцев.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ