понеделник, 15 декември 2025

Велешко културно лето – Балканско патување со Пламенка Трајковска гудачки квартет

Во рамките на Велешко културно лето, љубителите на класичната и етно музиката ќе имаат ретка можност да уживаат во концертот „Балканско патување“ – уникатен проект на Пламенка Трајковска гудачкиот квартет. Концертот ќе се реализира на 24 јули (четврток) во 21 часот во паркот на ООУ „Васил Главинов“. 

Објавено на

часот

Сподели

На концертот покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Милена Гиевска-Андоновска – виолина,  Љубица Бошкоска – виола и Александра Јаневска на виолончело.

„Балканско патување“ е музички проект кој веќе доби внимание на фестивали во регионот, градејќи богата концертна историја со секое ново издание. Проектот претставува спој на високо изведувачко ниво и културна мисија – да се зачува и пренесе балканската музичка традиција преку современ камерно-музички пристап.

Програмата нуди нов музички поглед кон балканското културно наследство, преку внимателно избрани аранжмани за гудачки состав кои ја оживуваат душата на традиционалните мелодии од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора и  Босна и Херцеговина.
Секое дело има своја приказна – звучно и визуелно патување низ регионот, со спој на фолклорна сила и камерна елеганција.

По настапите во Софија и на престижниот фестивал „Soleil“ во Созопол во Бугарија, концертот на фестивалот „Есенски музички свечености“ во Скопје и концертот на „Илинденски денови“ во Битола, „Балканско патување“ пристигнува и пред велешката публика.

Првиот сингл од албумот „Балканско патување“ – „Балканска песна бр.11“ работена на македонската песна Билјана платно белеше е веќе достапен на Spotify, iTunes и другите најголеми онлајн платформи. Видео записот ќе биде промовиран на 2 август, по повод празникот Илинден.

Концертот се реализира со поддршка од Општина Велес, во рамките на програмата на Велешко културно лето 2025.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ